Четирите пријавени македонски креативни проекти: “Coca-Cola Love is always the right way!“ на Меккен Скопје, “The Voice Of The Lake“ на Сачи & Сачи Скопје, “Words have weight“ на ИДЕА Плус Комуникејшн и “EVN Online“ на Публицис Скопје, беа избрани меѓу 25-те најдобри регионални проекти во изборот на стручното жири составено од претставници на огласувачи, агенции и новинари од целиот регион кои во петокот се собраа во Сарајево за да ги изберат најдобрите од најдобрите во регионот!
Помеѓу пријавени 115 проекти, жирито најпрво направи предселекција на 43 финалисти, а потоа после повеќечасовно дебатирање, анализирање и гласање од нив ги избра следниве 25 проекти како најдобри во целиот регион (подредени по азбучен ред):
- #StayClean, McCann Beograd
- A1 Lappsus, Bruketa&Žinić&Grey
- Art directed by nature, Studio Sonda
- Beba bira gde, McCann Beograd
- Boranka, Imago Igilvy
- Coca-Cola Love is always the right way!, McCann Skopje
- EVN Online, Publicis Skopje
- Good Night, Intolerance!, Grey Ljubljana
- Insta Literary Stories Between the Lines, Grey Ljubljana
- Duboko iznad svih, Saatchi&Saatchi Zagreb
- Lavovske priče, Ovation BBDO
- Minus 33%, BPCS
- Ne odričem se, McCann Beograd
- Ostajemo di smo, BBDO Zagreb
- Prilika života, Señor
- Sjetan Božić, Señor
- Spomenik neisklesanom tijelu, Imago Ogilvy
- The Milk Books, Futura DDB
- The Theatre Interpreter, Grey Ljubljana
- The Voice Of The Lake, Saatchi&Saatchi Skopje
- Untouched by Light, Bruketa&Žinić&Grey
- Veliki hrvatski naivci, Señor
- Vip mame, Leo Burnett Beograd
- Words have weight, IDEA Plus Communications Skopje
- Žuja za tate 2, BBDO Zagreb
Презентацијата на најдобрите 25 проекти, како и специјалните награди за тие со најмногу поени ќе се одржи во Петок, 20.09.2019 со почеток од 16:45 на главната сцена во Ровињ, во склоп на Викенд Медиа Фестивалот.