Home » Digital » Членството во Фејсбук групите би можело да се наплаќа од 4,99 до 29,99 долари месечно

Членството во Фејсбук групите би можело да се наплаќа од 4,99 до 29,99 долари месечно

Фејсбук најави дека администраторите на групите ќе имаат можност преку нивните платформи на членовите да им наплатуваат претплата

Од Фејсбук велат дека сакаат да ја зајакнат заедницата на администратори кои водат големи и квалитетни групи на оваа социјална мрежа, креираат содржини за нив и го користат своето време и енергија на администрирање. Затоа, преку вградени опции во административните алатки за групите ќе понуди некои од нив да се наплатуваат. За таа цел лансиран е пилот програма за неколку групи, чии администратори сега ќе можат да им го наплаќаат на членовите нивното учество во групата.

И досега, некои администратори водеа групи со претплата, но за претплатите и листата на членови мораа да се грижат на некој друг начин, водејќи сопствена евиденција за уплатите и слично. Доколку заживее оваа идеја после фазата на тестирање, сите администратори на Фејсбук групите, би можеле да воведат месечна претплата за своите членови – од 4,99 па се`до 29,99 долари.

Членовите на групата ќе можат да ја пријават својата претплата и да ја уплатат преку мобилните апликации на Фејсбук, а друштвената мрежа ќе врши исплати на администраторите на групата, со земање на одреден процент во форма на провизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365