battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Одличната «co-branding» стратегија на Baileys и Lir

Одличната «co-branding» стратегија на Baileys и Lir

Кога се работи за co-branding стратегии, неминовно е да се спомнат стратегиите на Британскиот гигант DIAGEO во чие што бренд портфолио се вметнува познатиот ликер Baileys.

Имено, најновата co-branding стратегија на Baileys  со ирскиот производител на чоколада Lir  е позната како «Baileys collection»   и е  воглавно одличен пример за успешна стратегија.

ко-брендинг бејлис

Baileys веќе има co-branding искуство со познатиот американски бренд на сладолед Häagen-Dazs. Овој co-branding се покажа како голем успех во нивната маркетинг стратегија.

haagen Dazs Baileys

Каде може да се јави здружување на два бренда со јасно дефинирани цели или популарно наречено  “Co-branding“ ?

Co-Branding on product level е здружување на силите на два бренда и креирање на нов производ. Овде токму го наведуваме примерот на Baileys, Lir и Häagen-Dazs.  Вметнувањето на имињата на двата бренда на самиот packaging е задолжително (Baileys + Lir или Baileys + Häagen-Dazs).  Во овој случај, целта на Лир е покрај веќе постоечките колекции на чоколада да понуди на своите потрошувачи нова колекција чоколада со вкус на ликерот Baileys . Но целта е исто така да се привлечат потрошувачите на ликерот Baileys т.е и тие да почнат да ги купуваат колекцииите на чоколада на Лир. Истите стратегии  важат и за Baileys и за Häagen-Dazs но во обратен правец.

Co-Branding on distributon level  е кога во дистрибутивниот канал на едниот или другиот бренд вметнуваме два бренда истовремено. На пример Пиво + Чипс. Целта е позајмување на асоцијации од едниот на другиот бренд  и обратно со цел да се направи еволуција т.е збогатување на сликите на двата бренда истовремено (Brand image evolution). Во Македонија кога се спојуваат два термини, на заедничкото пакување најчесто се користи терминот «Акција».

Co-Branding on communication level е  кога во една реклама се користат два бренда истовремено.

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365