Home » Во фокусот » comScore и Google ја создаваат најмоќната платформа за online мерења

comScore и Google ја создаваат најмоќната платформа за online мерења

Во вчерашното соопштение за јавност кое comScore, најголемиот играч на пазарот за online мерења и анализи, го лиферуваше до медиумите, најави партнерство со Google со цел да се создаде платформа која во реално време ќе може да понуди податоци за брендовите при планирањето на нивните online кампањи.

comScore

Ова партнерство официјално ќе биде објавено денеска на годишниот собир на IAB лидерите воPalm Desert, Калифорнија.

Neal Mohan  (Google’s VP of Display Advertising) по повод оваа соработка изјави : “Длабоко сме посветени во креирањето на метрики кои се многу важни за брендовите и сме насочени кон обезбедување на корисни бренд податоци. За да го постигнеме сето ова, инвестираме во сопствени технологии и склучуваме партнерства со доверливи пазарни лидери како што е и comScore. Се радуваме на соработката со нив и веруваме дека заедно ќе обезбедиме на брендовите и медиумите подобар пристап до податоци во реално време

Serge Matta Претседателот на comScore дополни: “Ова партнерство помеѓу comScore и Google е многу повеќе отколку едноставна техничка интеграција помеѓу две водечки компании во индустријата. Тоа ќе овозможи радикално поедноставување на медиа buying активностите за индустријата, со поголем квалитет и веродостојност. Ова во многу што ќе им помогне на нашите клиенти при нивните идни инвестиции во online огласувањето !

Повеќе на следниве линкови :

USA Today > http://goo.gl/r6PCdT

The Wall Street journal > http://goo.gl/aTweC9

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365