Home » Digital » Дали младите го “отпишуваат“ Фејсбук?

Дали младите го “отпишуваат“ Фејсбук?

Проблемите и тешкотиите со кои неколку месеци се соочува најголемата социјална мрежа во светот негативно се одрази на начинот на кој луѓето ja користат

Истражувањето кое неодамна го спроведе организацијата Pew Research Center во САД имаше за цел да открие дали ставовите на испитаниците во однос на Фејсбук се промениле по серијата скандали, меќу кои и влијаето на претседателските избори во САД во 2016 година, како и скандалот со компанијата Кембриџ Аналитика, по кои беше започната кампањата „Delete Facebook“.

Конечните резултати говорат дека кај корисниците има промена во ставот во однос на користењето на Фејсбук. Резултатите од истражувањето спроведено на 4.594 возрасни луѓе во САД, помеѓу 29 мај и 11 јуни оваа година покажуваат дека влијанието на серијата скандали имало значајни последици на тоа како луѓето се однесуваат спрема Фејсбук.

Во текот на изминатите 12 месеци, 54% од испитаниците ги промениле подесувањата за приватност, 42% направиле пауза од користење на Фејсбук барем неколку недели, а 26% ја избришале апликацијата за Facebook. Вкупно 74% од корисниците на Фејсбук презеле барем една од опишаните активности.

Притоа, политичките убедувања не се одиграле значајна улога: тоа подеднакво го направиле и поддржувачите на Демократската и Републиканската партија. Сепак, во поглед на возраста на корисниците, се евидентни разлики. Младите лица биле понаклонети да преземат акција. Дури 44% од испитаниците помеѓу 18 и 29 години тврдат дека ја избришале апликацијата на Фејсбук. Само 12% од оние постарите од 65 години го направиле истото.

Се разбира, резултатите од истражувањето не треба да се користи за заклучок за  целокупната популација на Фејсбук, која во моментов брои 2,2 милијарди корисници. Не само што се вклучени умерено мал број на корисници, туку е опфатено само подрачјето на САД.

Сепак, истражувањето укажува на тоа дека репутацијата на Фејсбук претрпе сериозен удар, особено кај помладата популација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365