Home » Во фокусот » Дали со лансирањето на првата картичка за дигитални трошоци во Индија на Happay ќе се креира нов тренд на пазарот?

Дали со лансирањето на првата картичка за дигитални трошоци во Индија на Happay ќе се креира нов тренд на пазарот?

картичка

Извор: yourstory.com

Фирмата Happаy, старт-ап од Индија- фирма за менаџмент на бизнис трошоци,  најави лансирање на првата картичка за маркетинг трошоци овој вторник.

Дизајнирана за побарувањата од пазарот кој се менува и трошоците на дигиталниот маркетинг тим, оваа картичка е специјално дизајнирана да ги процесуира, контролира, следи и мониторира трошоците за дигитален маркетинг давајќи им на организациите детални финансиски извештаи за трошоците направени од тимот.

Некои од останатите карактеристики на картичката вклучуваат детални трошоци направени во реално време обезбедувајќи транспарентност, поставување на лимити и услови за контрола на трошоците за маркетинг, мониторинг на трошоците на повеќе платформи паралелно со анализа на шемата за трошење.

основачи на Happay

Извор: yourstory.com

Оваа картичка исто така им овозможува на организациите поврзување со онлајн алатки и онлајн мрежи за реклами. Една од незините главни карактеристики е тоа што обезбедува вложување на одредена специфична сума на пари кои ќе се наменат за платени реклами на Интернет со што се ограничуваат трошоците на сумата одредена во картичката.

Ansuli Rai, Ceo на Happay изјави :
‘’Со оглед на големите суми кои компаниите ги трошат на онлајн маркетинг на различни платформи за рекламирање, отсуството на соодветна анализа на податоци во реално време не обезбедува контрола на трошоците за ваквиот тип на маркетинг. Happy Digital Marketing Expence картичката е дизајнирана да ги мониторира  сите податоци и овозможува анализа на еден единствен екран притоа овозможувајќи системска контрола на трошоците.’’

Неговата изјава ја надополни и ко-основачот на компанијата Varun Rathi –  ‘’нашиот нов производ се надеваме дека ќе обезбеди значајна промена во начинот на кој трошоците се менаџираат и контролираат од страна на компаниите. Денес , со гордост можеме да кажеме дека таа слика за онлајн маркетингот и трошоците ќе се промени со оглед на тоа што со самото лансирање денес, во проектот влегоа 1,500 компании од од следните области: услужната дејност, образованието, производството и консалтинг компании’’.

Компанијата Happay е старт-ап компанија основана во 2012 година во Bengaluru, Индија. Основана е со цел да овозможи трансформација на менаџментот во мобилен менаџмент, поедноставувајќи ги проблемите со трошоците, сметководството,протокот на информации и работни задачи. Ова решение е креирано во соработка со банката RBL.

Зошто ваквиот тип на картички би ја олеснил работата на маркетинг менаџерите?
Станавме ера на дигитален и Интернет маркетинг каде трошоците за рекламирање постојано се зголемуваат.
Покрај менаџирањето на трошоците во реално време, ваквиот пристап овозможува привлекување на повеќе клиенти кон ваквиот тип на банки , нуди повеќе можности за партнерства со банките.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365