Кампањата во Германија уште еднаш ја “распалува” опседнатоста на овај бренд со огнот
Бургер Кинг има порака за младите луѓе во Германија кои сакаат да си играат со оган: Пријавете се за работа денес!
Ланецот за брза храна повторно се врати на “жешките” теми во својата најнова кампања, со низа на печатени и надворешни реклами од агенцијата Grabarz&Partner, кои користат визуелно впечатливи моменти на страст, слава и протести ширум светот.
Кампања изгледа како фоторепортажа. На фотографиите се гледаат навивачи со своите бакли, фестивалот на огнот во Валенсија, Шпанија, голтач на пламен на протестите за подобри услови во Бразил, како и маскиран анти-глобалист наоружан со класичен молотов коктел.
Рекламите ги упатуваат гледачите на страницата bk-careers.com.
Иако кампањата сака да го претстави овој ланец како одличен работодавец, всушност се` се врти околу нивните бургери.
“Препознатлив знак на Бургер Кинг е скарата со отвоен пламен“, изјавија уметничкиот директор на агенцијата Grabarz&Partner, Матијас Прејс и копирајтерот Јејкоб Екштајн. “Тоа е и она основното што не` разликува од нашите конкуренти, па затоа треба да биде дел од секоја комуникација – особено кога станува збор за кампања за вработување. Бидејќи Бургер Кинг е активен на високо конкурентен пазар, мора да бидеме храбри и да се издвоиме за да најдеме нови вработени. “
Фактот што некои од овие слики имаат силна политичка позадина не е случајна. “Сакавме да одбереме релевантни теми за младите луѓе; затоа ние се одлучивме за овие [теми] “, рекоа Прејс и Екштајн. “Освен тоа, подигањето на полиаризирачки теми, резултира со поголемо внимание за нашите кампањи.”