Home » Во фокусот » Денес е Светски ден на телевизијата

Денес е Светски ден на телевизијата

Со Резулуција од 1996 година, Генералното собрание на ООН го прогласи 21 ноември за Ден на телевизијата

Денот на телевизијата е воспоставен поради фактот што телевизијата е главен инструмент во информирањето и влијанието на јавното мислење.

Телевизијата ја олеснува оптествената и културната комуникација и ја поттикнува соработката и партнерството во светот. Го негува образованието, континуирано ги повикува луѓето да истражуваат понатаму од своите дневни соби, а денес и од мобилен телефон – во секое време и насекаде во светот.

Денес, телевизијата, како претходник на сите последователни усовршувања на електронските медиуми и понатаму претставува важно средство за информации за животот на планетата, за минатото, сегашноста и со поглед во иднината.

Амбасадор е на забавната индустрија – открива таленти и нова музика, го стимулира музичкото наследство, поттикнува спој на стилови и уметници. Телевизијата е и хуманитарна, великодушна, поддржува прибирање средства, пренесува и емитува спортски настани и ги инспирира луѓето да ги надминуваат своите лични граници.

Телевизијата е медиум кој предизвикува имагинација и љубопитност, го поттикнува образованието и собира милиони луѓе околу заеднички интереси.

Телевизијата претставува симбол за комуникација и глобализација во современиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365