Home » Во фокусот » DIALOG комуникации се новиот ПР застапник на Optima Telekom

DIALOG комуникации се новиот ПР застапник на Optima Telekom

(ХРВАТСКА) – DIALOG комуникации, една од водечките хрватски агенции за комуникациски менаџмент, потпиша договор за застапување во односите со јавноста со Optima Telekom. Optima Telekom ќе ги води Даниел Хајден, кој во DIALOG доаѓа од агенцијата Grayling.

Даниел Хајден

Даниел Хајден

Договорот со Optima Telekom, меѓу останатото, подразбира советување во односите со јавноста, развој на комуникациските стратегии и поддршка во односите со медиумите. Ирфана Башиќ, Директор за комуникации во Optima Telekom, изјави: “На конкурсот кој го спроведовме во март оваа година се пријавија водечките хрватски агенции за односи со јавноста. DIALOG комуникации беа одбрани поради добитната комбинација на стратешко промислување и искуство во работа со медиумите.”

Даниел Хајден во DIALOG, покрај Optima Telekom, ќе биде задолжен и за спроведување на комуникацискиот проект Booking.com. Во агенцијата Grayling поминал осум години рабодејќи со некои од водечките меѓународни компании, како што се Tele2, Samsung, British Airways, SCA и Mars. Во DIALOG доаѓа на позицијата на Постар советник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365