Home » Во фокусот » Дизел направи соба за состаноци која помага за побрзо донесување на одлуки

Дизел направи соба за состаноци која помага за побрзо донесување на одлуки

Иако овој маркетинг трик нема никаква врска со модата, убаво се вклопува во хумористичната и необична, нова креативна насока на брендот

Дизел и нивната креативна агенција Публицис Италија, продолжуваат со своите духовити маркетинг активности со нов трик кој навистина нема многу врска со модата, но изгледа прилично забавно.

Брендот и агенцијата развиле “Капсула“, соба за состаноци дизајнирана на начин да ги направи состаноците што е можно пократки. Според авторите на кампањата, собата е инспирирана од статистиката, според која еден просечен канцелариски работник троши околу 9.000 часа на состаноци во текот на неговата кариера, а најмалку 50% од ова време е залудно потрошено.

Сепак, сето тоа се менува кога состанокот се одржува во една ваква соба, каде што по некое време одеднаш почнува да дува ветер, се слушаат звуци, а масата одеднаш почнува да се закосува.

Според авторите, кампањата, исто така, оди рака под рака со основачот на компанијата Ренцо Росо, кој вели дека најдобрите одлуки што некогаш ги направил биле брзи. Исто така, треба да се напомене дека ова видео не е целата кампања, бидејќи Дизел навистина направи една од овие соби и ја донесе на WiredFest во Милано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365