Компанијата “Direct Media“, членка на “Мултиком групата“ во досегашна сопственост на Драган Џилас, стана дел од медиската групација на бугарскиот бизнисмен Красимир Гергов.
Direct Media која се вбројува меѓу најуспешните агенции за интегрирани комуникации, медиа планирање и медиа закуп во регионов, вработува преку 150 луѓе во своите канцеларии во 7 земји меѓу кои и Македонија.
Красимир Гергов е акционер во bTV Media Group, водечката медиска ТВ куќа со 44% удел на бугарскиот пазар и претседател на првата бугарска full service агенција – Kres. Тој е и партнер во агенцијата “Piero 97“ како и outdoor агенцијата “JC Decaux“
Новиот сопственик исто така е долгогодишен бугарски партнер на компаниите Central European Media Enterprses (CME) како и News Corporation, угледни медиски компании кои работат во средна и источна Европа.
По повод својата нова аквизиција Гергов изјави: “Со Direct Media ќе управува јак локален тим од менаџери на чело со меѓународен борд на директори во кој клучни членови ќе бидат угледни професионалци од медиумскиот бизнис – долгогодишни партнери на нашата глобална мрежа, со што ќе одиме чекор напред во ширењето на нови пазари и создавањето на лидер на пазарот на Југоисточна Европа“