Home » Во фокусот » Дизни потпиша огласувачки договор со Гугл

Дизни потпиша огласувачки договор со Гугл

Гигантот на забавната индустријата ќе го пренасочи рекламниот бизнис на полето на дигиталните видеа и дисплеј огласување во Google Ad Manager

Дизни потпиша повеќегодишен договор за дигитално огласување со Google, во рамките на кое ќе го префрли својот каталог на дигитално рекламирање, во кое  се вклучени брендови како Marvel, Pixar и Star Wars, под Google Ad Manager.

Според условите на повеќегодишниот договор чија вредност се уште не е позната, Дизни ќе го префрли своето огласување преку дигитални видео записи и дисплеј огласи во Google Ad Manager, кој на тој начин ќе стане главна ad tech платформа на Дизни. Ова, исто така, става точка на шпекулациите дека гигантот на забавната индустрија има намера да формира своја слична платформа, пишува TheDrum.

Дизни и претходно го користеше Google за некои од нивните огласувачки активности, но според новиот договор, Google Ad Manager целосно ќе ги замени FreeWheel на Comcast, којшто досега беше ad-tech платформа за ESPN и Disney-ABC Television Group.

Потврдувајќи ја на оваа миграција на својот блог, Google, изјави дека тие се мотивирани од желбата да им понудат на огласувачите “оптимизирана платформа за испорака и мерење на ефикасноста” за дигитални видео и дисплеј реклами.

Извршниот директор на Дизни, Филип Шиндлер, исто така по повод новиот договор изјави: “Заедно планираме да изградиме напредно искуство за Дизни, кое ќе ги надмине самите уреди, платформи и дневни соби, со цел магијата на врвните видео содржини да ги донесе во срцата, умовите и екраните  – насекаде.”

Компаниите, исто така, изразија желба да работат заедно на нови технологии во областа на видеото, мобилното рекламирање, апликациите и дисплеј огласувањето, со подобрување на персонализацијата и мерење на податоците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365