Home » Во фокусот » Доделени годишните награди на Хрватското здружение за односи со јавноста

Доделени годишните награди на Хрватското здружение за односи со јавноста

(РЕГИОН) – Во петокот вечерта во Загреб, Хрватското здружение за односи со јавност (HUOJ) ги додели годишните награди Гранд ПPи (Grand PRix).

huoj laureati 2016

Град ПРи наградите на Хрватското здружение за односи со јавноста се доделуваат за најдобрите комуникациски проекти, а оваа година во голема конкуренција се натпреваруваа дури 61 проект. Најголем број на проекти се пријавени во конкуренција на јавниот сектор и големите компании.

Стручното жири во состав од 11 комуникациски стручњаци, на чело со претседателот Бошко Трбојевиќ, ги оцена проектите во девет категории, а посебни награди се доделени на поединци за извонредност во професионалните достигнувања.

Посебна награда за Комуникатор на годината во 2015 година и е доделена на новинарката Хелена Пуљиз.

helena_puljiz

„Нејзиното перо е професионален и човечки ангажман со кој таа, понекогаш страсно ангажирано, пристапува и ја промислува нашата се понепријатна реалност. Тоа го прави со храброст на личност која жестоко и одлучно се бори за вредности за кои искрено верува дека се рамка на слободното демократско општество. При тоа, Хелена во ниту еден момент не заборавила на есенцијата на новинарската или било која друга професија: етиката на јавниот говор. Наградата на Хелена е потсетување дека и покрај непријатната стварност, секој поедннец со својата професионална гарда и одговорност создава подобро општество“, стои во образложението на жири комисијата.

Агенцијата 404 доби и посебно признание – Агенција со најголем број на бодови заслужени за сите проекти кои стигнаа до финалето на 9-то издание на Grand PRix.

Списокот на сите наградени кампањи и лауреати на компании и агенции можете да го погледнете на сајтот на HUOJ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365