Home » Во фокусот » “Драма во такси” во финалето на Њујоршкиот адвертајзинг фестивал

“Драма во такси” во финалето на Њујоршкиот адвертајзинг фестивал

Кампањата “Драма во такси“ на агенцијата McCann Белград влезе во финалето на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали кој се одржува во Њујорк. “Драма во такси“ е единствена кампања од регионот на бивша Југославија која е пласирана во финалето на овој фестивал, обезбедувајќи си место во категоријата Социјални медиуми и вирален маркетинг. Кампањата беше осмислена и реализирана од креативниот тим на агенцијата McCann Белград за Југословенскиот драмски театар во рамки на кампањата за репозиционирање и “освежување“ на еден од најугледните српски театри.

Taxi Drama

“Ова признание не импонира со оглед на огроманата интернационална конкуренција и фактот дека сме единствени кои влегоа во финалето од нашиот поширок регион на еден од најпрестижните светски креативни фестивали, покрај оној во Кан “ – изјави Владимир Чосиќ, креативен директор на агенцијата McCann Белград додавајќи “Пред две години како член на жирито на овој фестивал имав прилика да се уверам во квалитетот и бројот на пријавени проекти, кои, слободно можам да кажам – е фантастичен“ 

Кампањата “Драма во такси“ покрај големиот одек и позитивни впечатоци во јавноста и награди на повеќе домашни фестивали, имаше успеси на регионалната и интернационалната сцена за што говорат наградите SoMo борец за вирален block buster на Weekend Media Festival-от во Ровињ, наградите Златен и Сребрен “тапан“ на Golden Drum во Порторож, како и учеството во финалето на AdCup фестивалот.

Drama u taksiju

Њујоршкиот фестивал на креативноста во огласувањето е еден од најстарите и најпрестижните фестивали на светот, кој ги наградува најдобрите светски кампањи уште од 1957 година. Овој фестивал претставува пресен на најдобрите достигнувања во креативноста во областа на адвертајзингот. Жирито на фестивалот е составено од најзначајните стручњаци на креативната индустрија во светот. Овогодинешното издание ќе биде одржано на крајот од месец Мај и покрај натпреварувачкиот дел по категории, ќе биде оддржана и конференција, предавања, панел дискусии, изложби на проектите итн..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365