Принт кампањата се потпира на едноставен трик, каде што агенцијата ги потсетува луѓето за можноста за користење печатените реклами за да се заштитат од труење со јаглерод моноксид
Годишно во Полска умураат околу 100 луѓе од труење со јаглероден моноксид, а еден од најголемите виновници за тоа се неисправните вентилациски одводи.
Постојат напредни технолошки системи за откривање на јаглерод моноксид кои може да спасат животи, но тие се обично поскапи, но постои и бесплатна и сигурен трик кој исто така може да спаси многу животи. Се што ви треба е парче хартија. Разликата во притисокот носи воздух низ куќата, а тоа движењето на воздухот создава провев во отворите за вентилација, па доколку ставете парче хартија на исправен вентилациски отвор, тоа ќе се “залепи”, а доколку само падне, отворот веројатно е затнат и време е да побарате помош.
Со цел да ги научат 40 милиони Полјаците на овај едноставен и штедлив трик, Grey Group Полска се здружи со полските пожарникари и најголемите малопродажни ланци во Полска.
Проблемот со труење со јаглерод моноксид се јавува главно во домовите на помалку имотните полјаци, кои имаат стари печки и системи за вентилација. Овие луѓе често се чувствителни на цените и обрнуваат внимание на промотивните летоци. Агенцијата се фокусира токму на овој факт, па стави информации за потенцијално спасувачки трик директно на флаерите на синџирите Pepco, Lewiatan и Złote Tarasy.
“Ако го ставите ова парче хартија на исправен систем за вентилација, тоа ќе се задржи на него. Ако не се залепи, тоа значи дека отворот е затнат и треба да побарате помош. Вие сте во опасност од труење со јаглерод моноксид”, се вели во летоците.
Овој едноставен трик е тестиран во многу полски домови и ги смири грижите на многу семејства.
Така обичниот лист хартија стана едноставна алатка која потенцијално спаси многу животи во Полска. Како дел од оваа кампања, 28 милиони “реклами за проверка на вентилацијата” се дистрибуирани до 3.500 продавници.