Home » Во фокусот » Ексклузивно интервју со Мартин Линдстром за Marketing365

Ексклузивно интервју со Мартин Линдстром за Marketing365

По повеќе од 10 години, на 12 мај 2018 година, Мартин Линдстром, кој е прогласен за најдобар експерт за брендови во светот, ќе ја претстави својата нова книга во Белград. Последниот пат го претстави својот бестселер на Њујорк Тајмс “Brand Sense” во рамките на манифестацијата “Brand Fair 3“, а овој пат ќе ја претстави својата најнова книга, исто така бестселер, “Small Data“. Како и секогаш, Мартин ги оспорува денешните трендови, овој пат за Big Data, вештачката интелигенција и Data Science, предвидувајќи еден тренд кој ќе ги надополни и наследи.

Иако е пионер во областа на невромаркетинг, според неговите зборови, тој сфатил дека Big data не е доволен кога прифатил дека не може да се квантифицира љубовта. Тоа било причина за започнување на еволутивен процес на размислување кој кулминираше во нова книга.

Врз основа на методологија која ќе ја сподели со учесниците на симпозиумот, говорникот има изградено милионски бизнис во Русија, го има ребрендирано потрошувачкото искуство во ланецот супермаркети Lowes во Америка, го приближил брендот Tally Weijl до нова генерација на потрошувачи и многу други работи кои ќе ги споделени само на тој ден во Белград.

Како посебен бонус, една од четирите сесии ќе биде посветена на брендовите на делегатите, кои со купување на карта имаат право да ги испратат своите недоумици во работењето (на линкот кој организаторот дополнително ќе го достави) од кои тој ќе ги избере оние што ќе бидат решени на лице место.

Тој ќе го сподели со гостите и тоа како не` гледаат нас, како пазар и култура од глобална перспектива, преку прикажување на резултатите од етнографските истражувања спроведени во повеќе од 77 земји низ светот.

Marketing 365 како официјален стратешки медиски партнер на ARK Regional Branding Symposium, имаше прилика со говорникот да оствари ексклузивно интервју.

М365Наведете неколку најсвежи Small Data трендови кои сте ги забележале кај милениумците

  • Многу патувам со авион и првото нешто што го забележувам е дека во текот на патувањето со авион, тие најмногу гледаат романтични филмови.
  • Интересно е тоа што милениумците ги мијат рацете 3 пати почесто од своите родители.
  • Самодовербата на милениумците е помала од самодовербата на било која претходна генерација! Иронично, пред камера тие се посигурни од било која претходна генерација, а исто така пред камера имаат поголема самодоверба отколку пред своите пријатели.
  • Милениумците прават разместување во својата соба според тоа каде е штекерот, така што тој да биде секогаш покрај креветот, а креветот секогаш го местат спрема вратата, така што никој кој влегува во собата да не може да види што има на екранот!
  • Ги користат перниците сосема поинаку од претходните генарации. Тие живеат, седат, работат, играат, јадат на кревет, така што им се потребни перници со поинаков облик. Замислете како тоа се одразува на производителите на овај производ?
  • Работната столица изчезнува. Ја замени креветот.

М365: Што мислите за тоа што се зголемува поврзаноста помеѓу политиката и CSR (корпоративна општествена одговорност), така што брендовите се приморани да се изјаснат дали се ЗА или ПРОТИВ? Како тоа ќе влијае на иднината на брендовите во главата на потрошувачите?

Брендовите ќе станат драстично политички обоени, така што тие ќе преземат активна улога во социјалните и политичките прашања. Како што, во сега веќе старите времиња, тоа го правеа Ben & Jerry’s (производител на сладолед), потоа Chick ‘fil A (синџир на брза храна кој зазеде став поврзан за правата на хомосексуалците), сега брендовите ќе се вклучат и во прашањата поврзани со заштита на животната средина итн. Во иднина, брендовите ќе имаат малкубројни, но многу силни и изразени политички настојувања за одредени прашања, толку моќни што ќе ја надминат моќта на владите и државите. Брендовите во голема мера ќе станат дел од политичката игра, со способност да ги обликуваат и менуваат ставовите на потрошувачите.

Својата карта за ARK Regional Branding Symposium можете да ја купите на сајтот www.arksymposium.com. Marketing365 заедно со организаторот Ве повикува што побрзо да направите резервација, бидејќи бројот на места е ограничен, а интересот е многу голем.

Секое, дури и делумно копирање на материјалот ARK Branding Symposim, без писмена дозвола и линк на оригиналниот текст објавен на www.arksymposium.com, се третира како сериозно прекршување на Законот за авторски права. Доколку дојде до преземање на статијата, задолжително да се наведе оригиналниот извор на текстот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365