Home » Во фокусот » Емилија Зографска добитничка на PRO.PR награда

Емилија Зографска добитничка на PRO.PR награда

Емилија Зографска (One) е добитничка на PRO.PR Awards 2014 за Македонија. Свечената церемонија на доделување на признанијата ќе се одржи на  PRO.PR  конференцијата која од 26 до 29 ти март ќе се одржи во Сараево.

Emilija Zografska - Емилија Зографска - Маркетинг365

“PRO.PR наградите ги востановивме за да оддадеме признание, а што е уште поважно, за да не ги заборавиме поединците кои придонесоа за развој на струката за односи со јавноста и кои секојдневно практично управуваат со комуникациите. За доделување на наградите го избравме Сараево каде догодина се одбележуваат 30 години од Зимските Олимписки игри. А Олимписките игри, баш како и  PRO.PR, се специфични по тоа што ги поврзуваат луѓето во движење“ изјави Даниел Колетиќ, претседател на Организацискиот одбор на  PRO.PR конференцијата.

Признанијата се доделуваат од 2011 година кога се одбележа 10 годишнина од оваа престижна конференција на која учествуваат многу комуникациски експерти од региониот и пошироко. Добитници на оваа награда од Турција е Бетул Мадрин, Жорж Елиса од Белгија и Кормак Смит од Велика Британија.

Останати добитници на PRO.PR Awards 2014. се:

За Хрватска: Anja Linić (Agrokor), Olivera Međugorac (Nestle Adriatic) i Sandro Baričević (Coca-Cola),

За Словенија: Mojca Beljan (Občina Koper) и Tamara Valenčič (SIMOBIL),

За Босна и Херцеговина : Mirna Šoja (MUP Republike Srpske), Dunja Mijatović (OESS) i Edo Numić (Violeta).

За Србија: Žana Ranković (Sava osiguranje) i Maja Šotra (Philip Morris) и

За Црна Гора: Jovanka Radović (T-Mobile).

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365