Home » Digital » Фејсбук ќе ги информира корисниците колку време поминуваат на оваа социјална мрежа

Фејсбук ќе ги информира корисниците колку време поминуваат на оваа социјална мрежа

Технолошките компании во изминатите месеци покажаа дека се многу повеќе заинтересирани за сузбивање на лошите навики на своите корисници. Така, Фејсбук одлучи да воведе опција која ќе ви покаже колку време трошите на оваа социјална мрежа.

Опција наречена “Вашето време на Фејсбук” не е најнова во дигиталниот свет. Оперативните системи Androdi P и iOS 12 веќе им нудат на корисниците можност да проверат колку време трошат на нивните паметни телефони.

Новата функција на Фејсбук ќе им покажува на корисниците колку време секој ден поминуваат во прегледување на мислења, коментирање или лајкување на објави. Оваа опција исто така ќе понуди можност за лимитирање на употребата на Фејсбук, што значи дека корисниците ќе можат да постават колку долго сакаат да бидат на Фејсбук, а социјалната мрежа ќе ги предупреди во случај да го надминат поставеното ограничување.

Фејсбук потврди дека работи на развивање на оваа нова опција, но не и кога ќе биде достапна за корисниците. Според неофицијални информации, Инстаграм исто така развива слична опција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365