Home » Digital » Фејсбук се` повеќе посетен и покрај скандалот

Фејсбук се` повеќе посетен и покрај скандалот

Најголем дел од американските корисници на Фејсбук остануваат посветени на оваа социјалната мрежа и покрај откритието дека компанијата за политички цели собрала информации за десетици милиони корисници без нивна согласност, покажува анкетата на Ипсос и Ројтерс.

Фејсбук се најде на удар на регулаторните тела, застапници за заштита на приватноста по скандалот со британската компанија Кембриџ Аналитика која по пат на апликации за квиз поврзани со Фејсбук, на несоовдетен начин собира голем број лични податоци на корисниците без нивна дозвола.

Истражувањето покажа дека Фејсбук заради скандалот не претрпел штета, освен критиките од јавноста.

Половина од американските корисници на Фејсбук, велат дека социјалната мрежа ја користат во иста мера како и досега, а една четвртина од испитаниците изјавиле дека сега, уште повеќе го користат Фејсбук.

Кај возрасните, 64 проценти од испитаниците изјавиле дека го користат Фејсбук барем еднаш на ден, што е мало намалување во споредба со 68 отсто во една слична анкета спроведена во март.

Аналитичарот Мајкл Пактер од компанијата Wedbush Securities смета дека Фејсбук има среќа што британската компанија Кембриџ Аналитика ги искористила податоците само за политичко рекламирање, а не за злонамерни цели. “Чекам да прочитам напис кој тврди дека барем едно лице претрпело штета. На интуитивно ниво, никој не е повреден”, додаде тој.

Анкетата е спроведена помеѓу 26 и 30 април.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг на почетокот на мај изјави дека Фејсбук се подготвува да воведе нови функции за контрола на приватноста кои ќе им овозможат на корисниците да го избришат историјатот на пребарување на страницата.

“Оваа опција ќе ви овозможи да ги видите веб страниците и апликации кои ни испраќаат информации кога ги користите, да ги избришете тие информации од вашиот профил и да ја исклучите нашата способност да ги складираме”, велат од Фејсбук.

Закерберг, новата алатка ја спореди со опција за бришење на “колачињата” (cookies) на компјутерот. Фејсбук вели дека за оваа новина ќе му треба неколку месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365