Home » Digital » Фејсбук ќе ве извести кој ги искористил вашите податоци за реклама

Фејсбук ќе ве извести кој ги искористил вашите податоци за реклама

Новата алатка на оваа социјална мрежа ќе му овозможи на секој корисник независно од огласувачите, да го види името на компанијата која ги испратила неговите податоци до огласувачите за целите на персонализиран маркетинг.

Фејсбук воведува дополнителни чекори со кои планира да ги спречи компаниите од безобзирно користење на корисничките податоци за таргетирани реклами, а целта е да ги натераат да бидат повнимателни. Почнувајќи од 28 февруари, познатата социјална мрежа, во рамките на копчето “зошто ја гледам оваа реклама”, ќе прикажува дали некој ги испратил вашите податоци до огласувачите за да достави соодветна реклама. Со други зборови, ќе знаете точно од каде доаѓа рекламата.

Јасно е дека ова нема целосно да ја запре злоупотребата на податоци, но би можело да објасни на кој начин огласувачите ги добиле вашите податоци и ќе ви даде можност да го ограничите пристапот до вашите податоци во иднина. Ова ќе му помогне на Facebook да ги пронајде партнерите кои ги испраќаат вашите податоци без дозвола, односно ќе ги принуди бескрупулозните компании да размислат пред ги користат податоците на овај начин. Иако ниту Фејсбук не е транспарентен како што треба да биде, ова е дефинитивно чекор во вистинската насока.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365