Најплатениот Јутјубер на светот има осум години
Според проценките на Форбс, младиот Рајан со своите рецензии на играчки оваа година заработил околу 22 милиони долари и се наоѓа на деветтото место на листата на најплатени Јутјубери во светот.
Весникот Форбс редовно ја објавува листата на најбогатите луѓе на светот воопшто или според различни категории. Овој пат, објавија листа на десетте најплатени ѕвезди на YouTube кои заедно, во периодот од јуни 2017 до јуни 2018 година, заработиле над 180 милиони долари.
Форбс наведува дека оваа листа е базирана на податоци добиени од јавни извори, од аналитичари и преку интервјуа со професионалци од индустријата и дека се работи за приходи пред оданочување и плаќање на разни агенти, менаџери или адвокати.
Меѓу 10-те водечки YouTube-ери според заработката оваа година, нема ниту една жена, половина од нив се занимаваат со видео игри, а сите имаат милиони претплатници, како и богати спонзорски договори, а заработуваат и од продажба на разни предмети со нивното име и слично.
YouTube личности со највисока заработувачка во индустријата за оваа година се:
10. Logan Paul, 14,5 милиони долари – контроверзниот влогер се најде на десеттото место, бидејќи Јутјуб во еден случај ги прекина исплатите заради снимање на телото на еден самоубиец кое е пронајдено во Јапонија. И покрај тоа, тој успеа да заработи 2 милиони долари повеќе од претходната година.
9. PewDiePie, 15,5 милиони долари – Felix Kjellberg има над 70 милиони претплатници, познат е по скандалите со лошо пласирани шеги, но неговите спонзори за поединечни видео записи плаќаат и до 450.000 долари.
8. Jacksepticeye, 16 милиони долари – Seán McLoughlin е најпопуларниот Ирец на YouTube, а се занимава со коментирање на видео игри, а паралелно прави и ексклузивни содржини за Twitch.
7. Vanoss Gaming, 17 милиони – канадскиот гејмер Evan Fong претежно игра популарни наслови и на тој начин привлекува публика. Се занимава и со хип хоп.
6. Markiplier, 17,5 милиони долари – хавајскиот гејмер Mark Edward Fischbach игра игри на PlayStation, оди на турнеи, има околу 22 милиони претплатници, а YouTube каналот го лансираше откако ја изгубил својата работа и се оперира од тумор.
5. Jefree Star, 18 милиони долари – мејк-ап артист кој го започна својот онлајн “живот” уште во времето на MySpace, заработува од видео содржини, но многу повеќе заработува од продажбата на неговата линија на козметика.
4. DanTDM, 18,5 милиони долари – Daniel Middleton беше минатогодишен победник на оваа листа. Тој е британски гејмер специјализиран за Minecraft. Го следат над 20 милиони претплатници, а заработува и на турнири и со продажба на брендирана облека и друга опрема.
3. Dude Perfect, 20 милиони долари – петчлена екипа на спортисти кои снимаат вирални содржини поврзани со спортот и разни други забавни активности.
2. Jake Paul, 21,5 милиони долари – братот на Logan Paul, е рангиран со својот влог на второ место по своите приходи. Кариерата ја започнал со снимање на видеа на платформата Vine и денес има околу 17 милиони претплатници на YouTube.
1.Ryan ToysReview, 22 милиони долари – осумгодишно дете кое со помош на неговите родители прави рецензии на играчки и добро заработува. Благодарение на спонзорствата и фактот што се смета за “инфлуенсер” во светот на играчките, го достигна првото место за најплатените Youtube-ри.