Home » Во фокусот » Ford и во 2019-та продолжува со иновации како изминатите 118 години

Ford и во 2019-та продолжува со иновации како изминатите 118 години

И 2019 година, според сите очекувања, ќе биде година на технолошки иновативни решенија во автомобилската индустрија. Од автономните возила до најиновативниот предлог на компанијата Ford, да се елиминираат сообраќајните семафори, односно да се отстапи место на технологијата која овозможува комуникација меѓу самите возила.

Експертите од Ford наведуваат дека со помош на протоколот IMP (Intersection Priority Management), разни возила кои се доближуваат до иста раскрсница би ја намалиле брзината доколку има други возила, односно би ја зголемиле својата брзина доколку би биле сами на крстосницата. На овој начин, статистичарите тврдат дека секој ќе заштеди два дена од животот кои ги минува чекајќи во сообраќајниот метеж пред семафорите. Исто така, ќе се намалат сообраќајните незгоди токму на крстосниците, кои според експертите на Ford, изнесуваат околу 60% од вкупниот број незгоди. Секако, ова би влијаело и на намалувањето на потрошувачката на гориво.

Друг технолошки иновативен момент е BLIS (Blind Spot Information System) технологијата на Ford, која овозможува едноставно детектирање на возила при „слепи точки“. Многупати сте се нашле во ситуација кога преку ретровизорите не сте забележале друго возило во ваша непосредна близина. Затоа, Ford ја создаде технологијата на нов „сет очи“, кои преку радари ќе ги детектираат возилата кога менувате ленти. Засега, технологијата регистрира само возила, но не и предмети и пешаци.

Сепак, за да не ја напуштите својата лента при возењето, Ford-овите инженери го измислија LKS (Lane Keeping System) системот, кој со помош на камера постојано ќе Ве одржува на лентата на која возите. Едноставно, камерата е поставена зад ретровизорот на шофершајбната и следи само една коловозна лента, односно предупредува при ненамерно движење кон надворешноста на лентата. Секако, постои опција возачот да го исклучи овој систем од употреба.

Оваа година Ford најави дека ќе почне со вградување безбедносни системи за автоматско сопирање во своите возила. До 2022 година, се очекува сите автомобили во САД да го имаат овој систем AEB (Autonomous Emergency Braking), кој функционира самостојно во однос на возачот со намера да спречи потенцијална незгода. Затоа што, многу сообраќајки се случуваат поради задоцнето кочење или воопшто, не употребување на кочницата од страна на возачот. Системот работи самостојно и ќе реагира само во критични ситуации, кога ќе кочи наместо лицето што го управува возилото.

Секако, возилата на Ford имаат ACC (Adaptive Cruise Control) со Stop & Go технологија, со чија помош возилото ја прилагодува брзината на возење согласно сообраќајниот метеж и застанува или тргнува самостојно. Потоа, ESA (Evasive Steering System) кој овозможува дополнителна поддршка при управување со воланот за да се избегне сообраќајна незгода, AHL (Auto High-beam Headlamps ) – каде возилото само ги вклучува овие светла доколку утврди дека е премногу неосветлено на патот, RVC (Rear View Camera) со која се обезбедува екстра прегледност позади вашето возило и APA (Active Park Assist) системот кој овозможува помош при паркирање. Интегрираната навигација во возилата на Ford секогаш ќе Ве одржуваат на патот на кој треба да возите.

Целокупната технологија во возилата на американската компанија Ford Ви го олеснуваат управувањето со возилото и Ви овозможуваат релаксирано пристигнување на крајната дестинација. Експертите и инженерите на овој гигант продолжуваат со иновативни решенија кои уште повеќе ќе го олеснат управувањето со возилото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365