Четвртиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2018 ќе се одржи на 12 и 13 март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград, под слоганот „Трансформирај го својот бизнис“. Станува збор за интерактивен бизнис настан, прв од овај тип во регионот, наменет исклучиво за професионалци од областа на маркетингот, односите со јавност и дигиталните комуникации од компаниите и агенциите.
Темите на четвртиот регионален форум на комуникациски лидери ќе бидат насочени на трендовите во интегрираните комуникации, за кои ќе зборуваат претставници на најголемите агенции и компании во Србија. За состојбата на пазарот на маркетинг комуникациите во земјите во регионот, ќе зборуваат претставници од агенциите од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
Тема на форумот ќе биде и што е причината за драстичниот пад на креативните решенија во Србија за само една година; зошто адвертајзингот не е веќе толку моќен во нашиот регион; како да се мотивираат младите таленти да останат во оваа професија, како и емоционалната интелигенција: кој управува со нас, егото или разумот. Ќе се зборува и за храбрите брендови и борбата за опстанок помеѓу конкуренцијата, но и за трансформација на брендовите во хипер-персоналната ера.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалогот помеѓу агенциите и компаниите, преку различни видови на интерактивни работилници, а ќе биде организиран и тим билдинг за учесниците.
Како и претходните години, на форумот IZAZOV 2018 ќе биде претставено и најновото истражување за состојбата на струката во регионот, кое заедно го направија Marketing mreža и истражувачката агенција Smart+ Research.
“Пазарот на маркетинг комуникациите никогаш не се менувал побрзо. Трансформацијата во нашата професија не само што е пожелна, туку е и неминовна и трае веќе некое време. Доколку сакате да опстанете и да развиете свој бизнис во иднина, трансформацијата и прилагодувањето на бизнис условите е обврска на секој сериозен менаџмент. Покрај тоа, трансформацијата на маркетинг комуникациите е нераскинливо поврзана со трансформацијата на оптеството и медиумите“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing mreža, кој е организатор на форумот IZAZOV 2018.
Пријавувањето за учество на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2018 трае до 23 февруари, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации пронајдете на веб сајтот: www.izazovforum.rs