Home » Во фокусот » Француски интернет провајдер креираше веб страница достапна само кога сте офлајн

Француски интернет провајдер креираше веб страница достапна само кога сте офлајн

Bouyges Telecom го создаде овој 100% офлајн сајт како дел од промоцијата на својата нова 4G услуга

Францускиот интернет провајдер Bouygues Telecom започна нова услуга “Гарантиран интернет”, која им овозможува пристап до интернет на нивните претплатници, дури и кога им падне мрежата, благодарение на нивните мобилни 4G хотспот рутери.

Сепак, не се сите клиенти на Bouygues, па со цел да ја промовираат новата услуга на сите оние кои не се корисници на нивните услуги, Bouygues Telecom и агенцијата BETC Париз, ја создадоа онјалн страницата whentheinternetisdown.com, која работи само кога сте офлајн!?

Знаеме дека звучи малку чудно, па дури и невозможно, но кликнете на овај линк додека сте онлајн и следете ги инструкциите. Офлајн веб-страницата која ќе ве дочека е дизајнирана да ве забавува додека вашиот интернет не се врати, како и да даде совети како да ги решите најчестите причини за паѓањето на конекцијата.

Се разбира, целата веб-страница е всушност еден трик, и за прв пат кога ќе ја посетите мора да бидете онлајн, така што содржината ќе се вчита и ќе биде достапна кога ќе бидете офлајн. Речиси целата страница се базира на текст, па дури и игрите и “фотографиите”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365