Home » Во фокусот » Генералниот директор на Пивара Скопје гостува на Бизнис Кафе Македонија овој четврток

Генералниот директор на Пивара Скопје гостува на Бизнис Кафе Македонија овој четврток

Во Четврток (13.09.2018) с0 почеток од 18:30 часот во Ревија Бар (т.ц. Лептокарија) во Скопје, ќе се одржи новото 31-во издание на бизнис-нетворкинг настанот Бизнис Кафе Македонија.

Пред присутните гости, своите бизнис искуства и совети ќе ги споделат четворица говорници:

Елена Иванова, менаџер за туризам во ИМЕ програмата;
Емилија Ќелешоска, основач на адвокатско друштво ДДК (Дебарлиев Дамески Ќелешовска);
Владимир Косијер, Генерален директор на Пивара Скопје; и
Ксенија Николова, писател и текстописец.

Настанот е од отворен карактер и на него се поканети да присуствуваат сите оние кои се расположени да запознаат нови деловни контакти и да придонесат во секогаш позитивната неформална атмосфера на дружење покрај бизнис разговори.

Вашето место на Бизнис Кафе Македонија можете да си го обезбедите со влезница со која добивате и бесплатно кафе од организаторот, а можете да ја набавите на еден од трите начини подолу:
– online на ОВОЈ ЛИНК.
– На фактура: пратете маил за резервација на: mkbizniskafe@gmail.com или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365