Home » Во фокусот » Гернот Раш е новиот CMO на Вип оператор

Гернот Раш е новиот CMO на Вип оператор

Почнувајќи од 1-ви април 2014 година, Вип дополнително го зајакнува тимот со новиот главен маркетинг директор – Гернот Раш (Gernot Rasch). Гернот, кој има широко меѓународно искуство, вклучувајќи го и учеството во тимот задолжен за подготовки за почеток на работата на Вип на македонскиот пазар, доаѓа во компанијата од позицијата маркетинг директор во Випнет (Хрватска).

Gernot Rasch

Gernot Rasch

Исклучително сум среќен што се приклучувам на тимот на Вип оператор. На почетокот на 2007 година минав неколку месеци во Скопје и сум запознаен со операциите уште од самиот почеток. Неверојатно е да се види огромната успешна приказна создадена во последните седум години и со нетрпение очекувам да се приклучам кон тимот и да добијам шанса заеднички да се соочиме со предизвиците и успесите во иднина. Она што можам да го ветам е дека ќе продолжиме да им овозможуваме повеќе на корисниците во Македонија, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

Гернот Раш ја започна својата кариера во Телеком Австрија Групацијата во 2004 година во Виена, извршувајќи разни позиции во маркетинг-секторот на мобилниот оператор А1. Пред да се приклучи на Телеком Австрија Групацијата, Гернот работел во австриската контрола на летање. Тој учествуваше во „старт-ап“ операциите на Вип оператор во 2007 година. Му се приклучи на Випнет во 2009 година како менаџер за стратешко планирање. Беше назначен за маркетинг директор за резиденцијални корисници во 2010 г., а во 2011-та беше унапреден во маркетинг директор одговорен за сите производи во сегментот на потрошувачи, B2B (business to business), роаминг, фиксни, мобилни, кабловски и сателитски комуникации. Тој е роден во 1979 година во Австрија. Студирал на Универзитетот за економија и бизнис администрација во Виена и постдипломски студии на Лондонската школа за бизнис и INSEAD.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365