battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Герет Бејл ќе се “брендира“

Герет Бејл ќе се “брендира“

Еден од најдобрите фудбалери во премиерлигата – Герет Бејл се надева дека ќе заработи дополнителни 3 милиони долари доколку успее да го заштити својот “бренд“ – “11 срца“ , карактеристичен за неговото прославување на голови.

Тој до надлежните институции упатил барање за заштита на начинот на кој ги прославува своите голови. Доколку добие позитивен одговор Бејл, неговото лого би гo ставил на разни комерцијални производи и од нивна продажба, според спортските маркетинг експерти се очекува годишна заработка од околу три милиони евра.

Независното тело кое треба да одучи дали овој “знак“ може да се заштити како бренд треба да одлучи во наредните два месеци.

Срцето оформено со двете раце првпат Бејл го употреби пред три години искажувајќи и љубов на својата сопруга Еми Рис Џонс со која неодамна доби и ќерка.

Герет Бејл Бренд - Маркетинг365

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365