battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Гергов – “Direct Media ќе биде најсилната маркетинг агенција во Југоисточна Европа“

Гергов – “Direct Media ќе биде најсилната маркетинг агенција во Југоисточна Европа“

Во денешното интервју за Media Marketing, бугарскиот медиа и адвертајзинг тајкун Красимир Гергов, за кого пред еден месец пишувавме дека ја купи една од најголемите агенции во регионов Дирецт Медиа открива дел од своите планови.

Гергов кој сега е сопственик на 95% од агенцијата вели дека одсекогаш бил заинтересиран за балканот како посебно атрактивен пазар со голем потенцијал за интегриран пристап.

Krasimir Gergov - Direct Media

Krasimir Gergov | Foto: Media Marketing

Со купувањето на Дирецт Медија за која Гергов вели дека ќе стане “најсилната маркетинг агенција во Југоисточна Европа“ тој уште повеќе ќе го зголеми своето влијание во маркетинг и медиа индустријата бидејќи тој е акционер во bTV Media Group, водечката медиска ТВ куќа со 44% удел на бугарскиот  пазар и претседател на првата бугарска full service агенција – Kres. Гергов исто така е и партнер во  агенцијата “Piero 97“ како и outdoor агенцијата “JC Decaux“

Гергов најавува уште поагресивно ширење во индустријата, интегрирање на сите добри страни кои разноликоста на неговите аквизиции му ја овозможуваат а сето тоа во прилог на тоа да се обезбеди што поцелосна и поквалитетна услуга за големите клиенти.

Или како што вели тој:

“Само оние играчи кои во целост ќе ги совладаат новите технлогии и кои ќе знаат вешто да управуваат со т.н. Big Data – можат да бидат сериозен партнер на големите глобални компании“

Неговите предвидувања се дека регионалниот пазар во наредниов период ќе расне и ќе се осети позитивен тренд кој што ќе донесе и многу подобра позиција за дигиталните медиуми кои конечно посериозно ќе бидат вклучени во медиа плановите на огласувачите. Позитивниот тренд на пораст, според Гергов, значи дека набргу и многу глобални огласувачи ќе дојдат на овој пазар, а каде се огласувачите таму се и големите маркетинг агенции, па спремно ги очекува и конкурентите.

Целото интервју можете да го прочитате на следниов линк.

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365