Home » Во фокусот » Годишно Собрание на ЗОЈМ и трибина за професионалните стандарди во односите со јавноста

Годишно Собрание на ЗОЈМ и трибина за професионалните стандарди во односите со јавноста

ЗОЈМ - Маркетинг365

Членовите на Здружението за односи со јавност на Македонија (ЗОЈМ) ќе го одржат своето редовно годишно Собрание.

Седницата е закажаната оваа сабота (01.03.2014) во просториите на Стопанската комора на РМ со почеток во 13,00 часот.

Покрај другите документи предвидени со Статутот на ЗОЈМ, се очекува членовите да ги разгледаат и усвојат: Програмата за работа на здружението во 2014-та година и Етичкиот кодекс, а предвидено е и да се дискутира и по бројни тековни прашања.

Истиот ден, со почеток во 10:30 часот, Здружението организира јавна трибина на тема: Професионалните стандарди како предизвик во односите со јавноста, на којашто гостин – воведничар ќе биде Борис Бекер, PR практичар од Австрија.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365