Home » Во фокусот » Golden Drum Adriatic награда за McCann

Golden Drum Adriatic награда за McCann

Кампањата #Несакана на агенциите McCann Подгорица и McCann Белград, на јубилејниот 25 фестивал Golden Drum освои 3 награди, вклучувајќи и Golden Drum Adriatic награда за најдобар проект во регионот, со што е потврдена лидерската позиција меѓу агенциите во регионот, додека  McCann WorldGroup е прогласена за водечка агенциска мрежа по петти пат.

“Овогодинешниот успех на фестивалот Golden Drum е уште една меѓународна потврда за квалитетот на нашата работа и агенциските тимови. Им благодарам на партнерите за довербата и им честитам за освоените награди на овој фестивал, како и на сите фестивали досега. Горди сме што по петти пат по ред сме прогласени за најдобра агенциска мрежа”, изјави Владимир Димовски, извршен директор на McCann Adriatic.

Со 175 бодови, McCann Worldgroup ја освои наградата GoldenNet со која е прогласена за агенциска мрежа на годината. Меѓународното жири во конкуренција од 1200 пријавени кампањи од 28 земји, ја награди кампањата “Несакана”, која е реализирана во соработка со Центарот за женски права во Подгорица, со две златни и една сребрена награда. На листата на финалисти се најде и кампањата “The Red Thread” реализирана за компанијата Кока Кола.

Првата меѓународна награда за агенцијата од Црна Гора е исклучително признание. Сандра Вујовиќ, креативен директор на агенцијата McCann Подгорица во оваа прилика изјави: “За нашиот мал тим од Подгорица, наградите на Golden Drum имаат посебна тежина. За прв пат, една маркетинг агенција од Црна Гора е наградена со признанија од ваква големина и значење. Соработката која ја остваривме со нашите колеги од McCann Белград и невладината организација Центар за женски права во кампањата #Несакана, е одличен пример за тоа како важни теми може за момент да ги соберат луѓете околу една голема цел, а добрите идеи доведуваат до значителни промени во општеството. Тоа нè прави многу горди.”

Маја Раичевиќ од НВО Центар за женски права, по повод наградата изјави: “#Несакана е најмалку приказна за селективните абортуси, а многу повеќе приказна за еднаквост, иднина, слобода. Ова не е само приказна на Црна Гора, таа е универзална и затоа треба да патува понатаму во светот. Ова е начин да го постигнеме тоа и затоа сме многу благодарни за поддршката што ни ја дадовте, со доделување на овие награди”.

Веќе трета година по ред, агенцијата McCann Белград на фестивалот Golden Drum бележи успех за кампањи, кои даваат резултати, се забележани во општеството и се карактеризираат со иновативни форми на огласување. Кампањите се резултат на интегриран пристап и се реализирани во соработка со агенциите UM Подгорица за проектот #Несакана и UM Белград за проектот “The Read Thread“.

“Многу сме горди на нашата соработка со колегите од агенцијата McCann Подгорица. Ова е награда за храброста да се подигнат важни теми во општеството и доказ дека нашата индустрија може и треба активно да се вклучи во создавањето на свет во кој сакаме да живееме. За нас, овој фестивал е исто така важен и заради успехот на уште една кампања која ги помести границите на стандардното. Проектот “The Read Thread” е финалист на категоријата OOH“, изјави Јана Савиќ Растовац, креативен директор на агенцијата McCann Белград.

Фестивалот Golden Drum е еден од најважните меѓународни огласувачки фестивали на кои традиционално учествуваат најдобрите светски агенции. Оваа година се одржа јубилејен дваесет и петти пат во организација на Словенечката огласувачка комора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365