Алатката за блокирање на реклами вградена во прелистувачот Chrome е активна од 15 февруари. Не ги блокира сите реклами на сите веб страници, но би требало да ги открие несоодветите рекламни формати и да ги казни веб порталите кои ги прикажуваат
Веб-прелистувачот на Google Chrome сега има вграден блокатор на реклами.
Првата вест за тоа се појави во април минатата година. Во текот на јули од Google стигна потврда дека тестираат нова алатка од овој вид, а во декември беше најавено дека ќе биде достапна во февруари оваа година. Алатка за блокирање реклами вградена во Chrome нама да ги блокира сите реклами на сите веб-сајтови, но би требало да ги открие несоодветите рекламни формати и да ги казни веб порталите кои ги прикажуваат.
Како функционира новата алатка?
Како дел од иницијативата на Коалицијата за подобри реклами, Google ги утврди видовите на реклами, кои повеќе не сакаат да се гледаат на интернет. Меѓу нив се и рекламите во вид на поп-ап банери, реклами со видео записи кои автоматски се прикажуваат, реклами кои се прикажуваат пред да се вчита веб-страницата на која се наоѓаат, анимирани реклами или интро банери кои зафаќаат цела страна.
Google ќе ги оцениува веб-сајтовите преку анализа на моделот на нивната содржина, а врз основа на тоа ќе му одреди еден од трите статуси: Passing, Warning или Failing (или во слободен превод: може да помине, жолт и црвен картон).
Повеќе информации погледнете во видеото: