Home » Во фокусот » Google и Goclick конференција за современ маркетинг во Македонија

Google и Goclick конференција за современ маркетинг во Македонија

Сојузот на стопански комори заедно со маркетинг агенцијата Goclick и Google на 11 март 2014 година во Конгресен центар Ера – Скопски Саем, со почеток во 10:00 часот,организираат втора Goclick и Google конференција за современ маркетинг во Македонија.

На конференцијата ќе предаваат г-дин Дарко Дујиќ, директор за развој во Google Adriatic и г-дин  Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick од Словенија, а со премиерно предавање во Македонија ќе се претстави и г-дин Давид Гојо, стратег за Google Adwords во Google, Даблин.  

Конференција - Говорници

Конференцијата е наменета за сите  компании на македонскиот пазар, особено за извозно ориентираните.  Учеството е бесплатно, можност за присуство имаат над 100 компани членови на Сојузот на стопански комори.

Тема на настанот е „Моќта на современиот маркетинг“, а подтеми се: „Можностите итрендовите во сферата на интернет маркетингот – Google како маркетинг гигант“, „Adwords решенија и успешни приказни“, „Социјалните мрежи и нивните алатки во светот на бизнисот“.

 Настанот е поделен во два дела

1.      Конференција

– со цел менаџментот на  компаниите да се запознае со потенцијалот и можностите кои интернетот ги нуди за похрабро и поефективно пристапување на домашните и странски пазари

2.      Работилница (workshop)

– со цел оперативното ниво во компаниите да се запознае со можностите кои интернетот ги нуди во сферата на маркетингот, со поголем акцент на Google и Facebook

Сите заинтересирани за учество, да ги контактираат Оливера Костовска на olivera.kostovska@sojuzkomori.org.mk  ,моб: 076/298 197  или Марија Кимовска на marija.kimovska@sojuzkomori.org.mk ,моб: 075/254 082

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365