Home » Digital » Google ќе му конкурира на Spotify со новата музичка услуга YouTube Music

Google ќе му конкурира на Spotify со новата музичка услуга YouTube Music

Најголемиот светски интернет сервис следниот вторник, започнува директна борба со Apple Music, Spotify, Deezer и други големи играчи на пазарот на стриминг музика. По повеќегодишно одложување, на 22 мај ќе стартува услугата YouTube Music.

Слушањето на музика ќе биде возможно преку посебен десктоп интерфејс, како и со користење на измените на мобилната апликација на YouTube.

Се разбира, на оваа услуга ќе се плаќа и претплата, во износ од 9,99 долари месечно. Сепак, Google ќе обезбеди и бесплатно слушање музика, но во тој случај доживувањето ќе биде донекаде намалено од реклами.

Постојните претплатници на Google Play Music, за иста цена ќе добијат претплата на YouTube Music Premium и ништо барем засега нема да се менува. YouTube Music ќе биде достапен од следната недела во САД, Австралија, Нов Зеланд, Мексико и Јужна Кореја. Кратко потоа и во 15 други земји од Европа и светот.

Од YouTube, исто така, најавуваат дека услугата YouTube Red, која функционира на база на претплата, во рамките на која претплатниците имаат пристап до премиум и ексклузивни видео содржини без реклами, наскоро да се преименува во YouTube Premium.

Сите нејзини услуги ќе останат исти како и досега, но претплатниците на овај сервис ќе добијат претплата на YouTube Music во истиот пакет. Сепак, услугата наместо 9,99, ќе чини 11,99 долари месечно за новите претплатници. Сите постоечки корисници на YouTube Red  ќе ги задржат придобивките од пониската цена уште некое време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365