Home » Во фокусот » Google одвои 21 милион евра за медиумите во Европа

Google одвои 21 милион евра за медиумите во Европа

Грантовите во рамките на програмата Digital News Innovation Fund се доделени за 98 медиски проекти

 

Фондот за иновации на Google во дигиталните медиуми по петти пат додели поддршка за иновативни медиумски проекти. Вкупно 21 милион евра се доделени на проекти кои се фокусирани на монетизација и диверзификација на изворите на финансирање во медиумите во 28 европски земји.

Вкупно 820 апликации се примени за програмата за грантови за кои Google веќе одвои 115 милиони евра во претходните години. Клучните теми од проектите укажуваат на тоа дека фокусот е на гласовните уреди, персонализацијата, динамичните цени и употребата на машинско учење, соопштија од Фондот.

Досега, три проекти од Хрватска и шест проекти од Словенија се финансирани од земјите од регионот, кои може да се видат тука.

Досега се финансирани околу 600 проекти. Апликациите за новиот круг за доделување грантови е најавен за крајот на оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365