Home » Digital » Google прави чекор на пазарот на мобилни игри вреден 50 милијарди долари

Google прави чекор на пазарот на мобилни игри вреден 50 милијарди долари

Google и компанијата Unity најавија соработка во рамките на која Google на своите огласувачи ќе им понуди пристап до мрежата Unity, која достигнува до 1,5 милијарди уреди низ целиот свет

Огласувачите кои користат AdMob, платформа на Гугл за мобилни реклами, сега можат директно да се рекламираат во игрите развиени од страна на компанијата Unity Technologies, откако двете компании влегоа во стратешко партнерство.

По неколку години соработка со цел да се обезбеди потребната интеграција на огласувачките технологии, Google и Unity неодамна најавија дека сега се во можност на огласувачите на Google да им понудат пристап до мрежата на компанијата Unity која достигнува до 1,5 милијарди уреди низ целиот свет.

Според заедничката изјава, огласувачката платформа Unity опслужува повеќе од 9,4 милијарди импресии на огласи месечно, а нивната глобална база на корисници, поминува речиси девет милијарди минути секој ден играјќи мобилни игри на оваа компанија.

Покрај тоа, во соопштението се додава дека Unity доследно постигнува оценка од 97,8% кога е во прашање стапката на видливоста на рекламите, односно “далеку над” стандардите за апликациите од 54,7%. Со цел да се олесни новата понуда, Google, исто така, ќе додаде Android и iOS во својата Universal Apps мрежа за кампањи.

Google е посветена на помагање на напредокот на екосистемите на мобилни уреди, а веќе неколку години, соработуваме со Unity на оваа интеграција во рекламирањето, што е клучен пример за тоа како им овозможуваме на огласувачите подобар досег до корисниците низ целиот свет”, изјави Sissie Hsiao, потпретседател на мобилно огласување во Google.

“Особено сме возбудени за поврзување на огласувачите со новите играчи преку огласувачките искуства, каде што корисникот е на прво место и каде што наградите, како што се нови нивоа или дополнителни засилувања, го надополнуваат нивното искуство на играње”, додава таа.

Во интервју за CNBC, Hsiao исто така, вели дека на игрите отпаѓа секое трето преземање на некоја апликација и истакнува дека мобилни игри задоволуваат три клучни прашања на огласувачите.

“На крајот, за огласувачите е значаен ефектот на нивното огласување, загриженоста за сигурноста на брендот и досегот”, вели таа и додава: “Од гледна точка на огласувачите, мобилните игри ги исполнуваат сите овие три работи.”

CNBC исто така, го наведе истражувањето на Newzoo и Google, кое кон крајот на минатата година проценува дека индустријата на мобилни игри имала вредност од 50,4 милијарди долари во 2017 година.

Студијата исто така покажа дека во САД, жените претставуваат речиси половина (49%) од сите мобилни играчи, додека две третини (65%) од американските жени на возраст од 10-65 години играат мобилни игри.

Одделни истражувања на Unity покажуваат дека 71% од корисниците се отворени за гледање реклами во замена за плаќање на претплата.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365