По повод 8ми март -интернационалниот ден на жената, дизајнерот Зоран Кардула го престави својот нов проект „Хероините на Југославија. На овој начин, вели, сака да оддаде почит кон 91 жени, народни херои, жени, борци кои го дигнаа својот глас против окупаторот, против фашизмот, а голем дел од нив со живот ја платија слободата.
Во време кога национализмот, шовинизмот и фашизмот уште еднаш успеале да пронајдат плодна почва во овој регион, Зоран со поинаков уметнички пристап, ги доближува овие хероини до младата популација со помош на стилот „Поп арт“. Со тоа тој ја покажува борбата и храброста на овие храбри и моќни жени, користејќи ги одличните цртежи на академскиот сликар Зденко Свирчиќ (1924-2016).
Меѓу нив се портретите на најмладите жени херои Фана Кочовска и Ибе Паликуќа кои со свои 14 и 15 години се приклучија на партизаните; Даринка Радовановиќ пред чии очи и биле убиени двете ќерки, но таа и покрај тоа не го издала местото каде биле скриени ранетите партизани; Лепа Радиќ која пред да биде обесена од СС трупите извикала „Ние ќе победиме“. Последната хероина која почина пред неколку дена поточно на 26.2. 2018 е Даница Милосављевиќ, болничарка на Првата пролетерска бригада и бомбаш на Втората.
Неговите дела, објавени на сајтот „Bored Panda“, погледнете ги во продолжение: