Home » Во фокусот » Хрватски стартап доставува очила со дрон

Хрватски стартап доставува очила со дрон

Во Хрватска, законот е таков што дроновите се уште не можат да се користат за автономни летови на поголеми растојанија

Два хрватски стартапи, FramesPage и HexaWorx, ги здружија силите и доставија диоптриски очила со дрон. Употребата на овие беспилотни летала за комерцијални цели во моментов е во развој и иако нивната примена е сè поголема на хрватскиот пазар, законот во Хрватска е таков што дроновите се` уште не можат да се користат за автономни летови на поголеми растојанија.

Вообичаен случај на употреба на дронови во е за фотографирање од воздух и за фото и видео продукција, а сè почесто и во градежната инспекција, геодезијата, граничната контрола, како и во земјоделството. Испораката на производи со дрон е контроверзна поради фактот што луѓето не сакаат да им прелетуваат машини со камери над главите, но како што велат од HexaWorx, сè што лета може и да падне.

“Дронот е само електрична конструкција која може, во секое време и без претходна најава, да одлучи да ја смени насоката или да престане да работи. Ограничувањето на летот заради батеријата во моментот е најголемиот предизвик во развојот на доставата со дрон. Некои од потенцијалните дополнителни проблеми се дека луѓето, исто така, можат лесно да срушат дрон кој ниско лета  – колку од корист, толку од забава”, изјавија од тимот кој стои зад овој проект.

Без разлика дали мислите дека ова е забавен начин на достава или пак, дека ги преминува границите на приватноста, погледнете како, за цели на промоција, очилата беа испорачани од HexaWorx и FramesPage.

Од FramesPage додаваат: “Прописите кај нас се такви што дроновите не можат да се користат за испорака, но кога и доколку ситуацијата се промени, ќе бидеме подготвени. Секој кој сака, очилата ќе му бидат доставени од нашиот дрон “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365