Home » Во фокусот » Хрватското здружение за односи со јавноста избра “Šipak godine”

Хрватското здружение за односи со јавноста избра “Šipak godine”

Стручното жири за доделување на годишните Гранд При награди на Хрватското здружение за односи со јавноста (ХУОЈ), за прв пат во историјата ја додели наградата (анти-награда) “Шипка на годината“ (изворно на Хрватски звучи многу подобро “Šipak godine”).

Првата награда за антикомуникација, со едногласна одлука на жирито, му припадна на “Неименуван висок извор“.

 Наградата “Šipak godine” се доделува за слаба комуникациска практика на јавните личности, кои со своето однесување особено се истакнаа во непримерената или непрофесионална комуникација која што му штети на квалитетот на јавниот дијалог

Кога “Неименуван висок извор“ е една од најцитираните личности на годината, се работи за многу лоша пракса за комуникација со јавноста. Од комуникациска гледна точка, не постои ништо добро во комуникација во која не е познат изворот на информацијата за оние кои ги консумираат тие информации. Овај, пред сè, нетранспарентен начин на комуникација, често несоодветно изразување, ни најмалку не придонесува за подобрување на јавниот дијалог , иако , без сомнение, го одбележа јавниот комуникациски простор во 2013 година – објасни Претседателот на жирито Марио Аунеди Медек.

Пласирањето на информации во кои  не е познат изворот е легитимен начин на комуникација и една од алатките за односи со јавноста (попозната како т.н. пробен балон). Со нив се тестира реакцијата на јавноста на одредена јавна политика или планирани активности, земајќи го во предвид јавниот интерес. Меѓутоа, кога таквиот начин на комуникација станува доминантен во секојдневната комуникација, средство за различни комуникациски или политички пресметки, без да се земе предвид јавениот интерес, тогаш тоа е кршење на основните принципи на процесот на комуникација – запознавање и на испраќачот и на примачот со пораката.

Зачестеноста на оваа практика укажува на потребата во односите со јавноста повеќе да се користат афирмативни, проактивни и транспарентни начини на комуникација кои им се познати на сите учесници во процесот на комуникација. Хрватското здружение за односи со јавноста се залага за одговорна и транспарентна комуникација на јавните личности која континуирано ќе придонесе за квалитетот на јавниот дијалог и негување на искрени односи со јавноста.

 Видео прилог:

Категоријата “Šipak godine” е воведена за да и со примерот на негативната комуникациска практика се укаже на важноста на кавалитетниот пристап до комуникациите за поединецот и за заедницата во целина.

Покрај “Šipak godine”, жирито како и досега, за 2013 година, ќе ги додели наградите за комуникатор на годината, Гран-при за развој на професијата и Гран-при за најдобри проекти уште во 9 категории.

Овогодишното стручно жири на ХУОЈ, кое ќе ги донесе одлуките за сите награди брои 11 членови: Марио Аунеди Медек (претседател), Влатко Шкориќ (потпретседател), Ивана Билиќ, Нина Бутиќ Иванковиќ, Марина Дијаковиќ, Горан Дојчиновиќ, Ермина Дурај, Нина Ишек Меџугорац, Дамир Југо, Душко Кишбери и Мануел Шола.

Свеченото доделување на годинешните награди ќе се одржи на 14 март 2014 година во Matis Absolut Lounge во Загреб.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365