Home » Digital » И Airbnb на удар на Европската Унија

И Airbnb на удар на Европската Унија

Европската комисија ја обвини Airbnb, онлајн платформата за резервација на туристичко сместување, поради повреда на правото на ЕУ. Поточно, Европската комисија смета дека Airbnb ги крши правилата на ЕУ во поглед на истакнувањето на цената за сместување на нивните веб-сајтови, односно дека не се издвојува јасно цената за сместување во однос на туристичките такси и давачки кои подоцна треба да ги плати потрошувачот. Покрај тоа, Airbnb не укажува дали се работи за приватно или хотелско сместување. Поради кршење на правилат на ЕУ, Европската комисија им даде краен рок до август да ги измени неусоглесените практики според законодавството на ЕУ. Во спротивно, тие може да се соочат со казни од националните регулатори на членките на ЕУ.

Комесарот за конкуренција на Европската комисија Вера Журова истакна дека Airbnb треба да престане со политиката за решавање на жалбите од нивните клиенти пред судовите надвор од земјата во која живеат клиентите. Ѓурова, исто така, нагласува дека Airbnb мора да ги почитува правата на изнајмувачите на сместување во случај на откажување на сместувањето од страна на сопственикот.

Таа истакна дека Европската комисија минатата година доби околу 6.000 поплаки за нефер практики на Airbnb за услугите за сместување и смета дека практиката на оваа интернет платформа е уште полоша, бидејќи многу оштетени корисници не се пожалиле.

Фирмата од Силиконската долина, со профит од 93 милиони американски долари и обрт од 2.6 милијарди долари во приходите во 2017 година, се соочува со низа парични казни од земјите-членки на ЕУ ако не одговори на предупредувањето на комисијата. Од Европската комисија објавија дека се подготвени да се состанат со претставниците на Airbnb во септември за да најдат прифатливи решенија за незаконитостите во работењето на оваа платформа.

До 2028 година, Airnbnb очекува да има околу една милијарда туристички резервации годишно низ целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365