Home » Digital » И YouTube воведува можност за наплата на содржината

И YouTube воведува можност за наплата на содржината

Авторите кои заработуваат преку монетизација на своите видео содржини одсега на YouTube ќе можат да активираат и сопствени „Premium“ канали и да наплатуваат гледање на видеа и други ексклузивни содржини

Само што дознавме дека Фејсбук ќе започне на им нуди на администраторите на групите можност за наплата на членството, слична вест доаѓа и од YouTube.  Авторите кои на овај сервис заработува од своите видео содржини, досега мораа да се потпираат на прикажувањето на рекламите и заработката од видеата кои ги нуди YouTube, но не беа задоволни од приходите кои ги остварувале на овај начин, ниту со политиката на YouTube. Да се потсетиме, незадоволството од заработката беше и мотив за оружениот напад во седиштето на оваа компанија претходно оваа година.

YouTube-ерите кои сакаа да заработуваат повеќе, мораа да бараат спонзори за својата работа или пак, да собираат донации на Patreon и слични страници. Меѓутоа, од сега ќе можат да дојдат до дополнителна заработка и преку самиот YouTube. Имено, оваа мрежа воведува нов начин на финансирање на авторите кои нема повеќе да се потпираат на огласувачите.

Сопствениците на канали во иднина ќе можат да создаваат сопствена „premium“ содржина и да наплатуваат пристап до своите канали. Месечната претплата би требало да биде 4,99 долари, а за неа гледачите би добиле ексклузивна содржина – од вообичаени видеа, преноси во живо, па се до емотикони, стикери и слични дигитални ситници.

Авторите кои во последните месеци ја тестирале оваа опција, ги зголемиле своите приходи, па во YouTube се надеваат дека и многу други ќе бидат задоволни со новиот начин на заработка. Од наплатениот износ, за авторите ќе оди 70%, додека провизијата за YouTube ќе изнесува 30%.

Дополнително, YouTube-ерите ќе можат на оваа платформа и да продаваат разни промотивни материјали, како персонализирани маски за мобилни телефони, чаши и слично (што засега ќе биде достапно само за американските автори).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365