Home » Во фокусот » Пазарот на онлајн огласување во Европа забележа досега најголема вредност

Пазарот на онлајн огласување во Европа забележа досега најголема вредност

Ако се верува на извештајот на IAB Europe во однос на средствата кои за 2012 година се инвестираа во онлајн огласување, минатата година можеме да ја прогласиме за најуспешна досега.

Имено, според AdEx Benchmark 2012 – водичот за потрошувачка за online огласување во речиси цела Европа (26 пазари да бидеме попрецизни), кој го објави IAB Europe а е изработен во соработка со IHS, може да се види дека online огласувањето за прв пат добило повеќе средства во однос на принт адвертајзингот и го продолжува трендот на постојано зголемување од година во година.

Севкупно, online огласувањето во Европа забележува пораст во споредба со минатата година од неверојатни 11,5 %.

Како што е и очекувано, Телевизијата сеуште е медиумот бр.1 каде се слеваат најмногу пари за огласување.

иаб, огласуванје, адвертајзинг, маркетинг365

 

Ако погледнеме поблиску и го анализираме трендот на вложување во TV и online огласувањето во Европа низ годините, забележително е дека таа голема разлика во средства која со првиот AdEx Benchmark извештај во 2006 год. се констатираше, а беше во корист на ТВ, од година во година е се помала и помала, па не е далеку денот кога ТВ и online ќе се изедначат според обемот на пари кои се вложуваат за огласување.

маркетинг365

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365