Home » Digital » Инфографик: Интернетот во реално време

Инфографик: Интернетот во реално време

Дали некогаш сте се запрашале колку луѓе се онлајн заедно со вас во одреден момент, колку од нив ставиле нов статус во истиот момент со вас и колку фотографии се споделуваат на инстаграм во овај момент?

Колку време Ви е потребно да притиснете едно копче на тастатурата? Околу една секунда? Помалку од секунда? За тоа време, на секоја половина секунда, интернетот расте. Со секој момент, интернетот е се`поголем и поголем… Дали некогаш сте се запрашале колку други се онлајн заедно со вас во моментов? Или колку луѓе го објавиле свој статус на Фејсбук или поставиле фотографија на Инстаграм точно во истата секунда, како и Вие? Сега можете да дознаете со користење на оваа многу паметна веб-страница.

На оваа страница можете да сведочите за “интернетот во реално време”. Веб-страницата ги комбинира податоците од сите најпопуларни социјални медиуми достапни на интернет и го покажува зголемувањето на количеството на активности во реално време. Ќе ви покаже сè што сакате да знаете, како на пример колку фотографии се ставаат секој ден на Инстаграм (70 милиони) или колку статуси се објавуваат на Фејсбук секој ден (4,5 милијарди), а тоа е претставено на визуелно интересен начин, не само како листа на зборови и факти.

Идејата во интернетот реално време беше создадена после некои истражувања поврзани со интернет-податоците, во кои истражувачите откриле колку е тешко и сложено да се протолкуваат. Тие сакаа да создадат нешто што ќе биде визуелно привлечно и полесно да се прочита за сите интернет корисници кои се заинтересирани за овие факти.

Не само што се фокусира на популарните веб-сајтови на социјалните медиуми, туку оваа страница исто така открива и податоци за апликациите како што е Tinder. Интересно е да се види колку е популарна оваа мрежа. Tinder секој ден бележи околу 600 милиони кликнувања, што е неверојатно многу. Тука е и WhatsApp, бесплатната апликација за разменување пораки која ја користат повеќето луѓе кои имаат паметен телефон. WhatsApp секој ден добива милион нови корисници, а 27 милијарди пораки дневно поминува преку овај систем, па не е чудно што Фејсбук ја купи оваа компанија за 19 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365