Home » Во фокусот » Инстаграм склучи 100 милиони долари вреден договор со Омником

Инстаграм склучи 100 милиони долари вреден договор со Омником

Како што објавува AdAge, неодамнешната аквизиција на Фејсбук, сервисот за фото и видео споделување – Инстаграм го склучил првиот голем огласувачки договор со Омником, кој се проценува дека достигнал сума од 100 милиони американски долари.

Инстаграм реклами

Договорот значи дека многу брзо корисниците на Инстаграм ќе почнат да гледаат реклами од брендовите кои соработуваат со медиа и креативните агенции на Омником , како Omnicom Media Group, BBDO, DDB и TBWA/Chiat/Day.

Заедницата на Инстаграм ја сочинуваат речиси 150 милиони корисници од кои 60% се надвор од U.S. и просечно се споделуваат околу 55 милиони фотографии дневно.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365