Home » Во фокусот » Интервју со Дамјан Корубин, дел од маркетинг тимот на Скопје Сити Мол

Интервју со Дамјан Корубин, дел од маркетинг тимот на Скопје Сити Мол

Дамјан Корубин е дел од маркетинг тимот на Скопје Сити Мол речиси од самото отворање. Дел е од буквално сите проекти кои поминале низ годините во нашиот најголем шопинг центар. Разговаравме со него за искуството во Скопје Сити Мол, за 6-от роденден и за што се може да се очекува во иднина.

1. Дамјан, речиси од самите почетоци на Скопје Сити Мол си дел од тимот. Како ќе ја опишеш ситуацијата тогаш и денеска?

– Да се биде дел од Скопје Сити Мол речиси од самото отворање за мене претставува посебно задоволство. Имав можност буквално да бидам дел од нешто кое се градеше сиве овие години, а тоа е еден голем проект наречен Скопје Сити Мол. На почетоците морам да кажам дека беше навистина огромен предизвик бидејќи досега кај нас искуството да се биде дел од ваков грандиозен објект немал никој. Работевме и се надоградувавме постојано.

Денеска можам да кажам дека успеавме Скопје Сити Мол да го направиме лидер во државата и регионот, желба за шопинг и забава за секого, каде времето поминато тука претставува вистинско уживање. Успеавме да донесеме голем број на светски брендови, да организираме голем број на активности, забави, настани и фидбекот е одличен. Се зборува буквално насекаде, што за мене како дел од маркетинг тимот е неописливо чувство.

2. Скопје Сити Мол е препознатлив бренд не само кај нас, туку и во регионот? Што го прави посебен овој мол?

– Енергијата што ви ја дава Скопје Сити Мол го прави посебен. Го прават посебен честите настани, изложби, кампањи и големиот број на брендови кои ги има. Го прави посебен тимот кој го работи. Исклучително важно за еден мол е да се има добра и квалитетна понуда, програма и забава. Тоа ние го направивме и токму затоа сме регинален лидер.

3. Посетителите и закупците се вашата примарна грижа, што се` успеавте да направите низ годините за да Скопје Сити Мол биде најпосакувано место?

– Да бидам искрен направивме многу и останува да направиме уште повеќе. Речиси секоја година имаме традиционални настани како Black Friday, Late Night Shopping, славиме родендени за паметење, новогодишни програми за сите, големи маскенбали, забава што ги привлекува сите. Наградни игри, посети на познати ѕвезди и дружење, го имавме и интернационалниот Лего фестивал каде беа изложени светски дизајни од лего коцки, „Кидс дино диг” – Изложба на диносуруси, светски магионичарски шоуа, имаме спортски активности, саеми, имаме буквално се и за секого. Затоа и нашиот слоган е “Се што сакам”.

4. Го прославивте 6-от роденден. Како помина роденденот?

– Роденденот помина одлично. Имаме рекорна посетеност за викендот од повеќе од 100.000 луѓе. Тоа не прави горди. Рекорден број на авотомобили паркирани во еден ден, како и рекорден број  на туристички автобуси. Мислам дека овогодинешната понуда која ја имавме за роденденот и голема кампањата “Кој рано рани гратис попусти граби” и “600.000 денари шопинг ваучери”  беше исклучително забавна и атрактивна и затоа успеа да привлече голем број на посетители. Имавме пеење со Златните Славејчиња, Fit Games со Марио Фит, Лего турнинр, бендови, аниматори и што уште не. Правевме бесплатни коктели, а Сашко Коцев имаше одлично стенд ап шоу. Имавме многу попусти и сакам да изразам благодарност до закупците кои успеаа да обезбедат големи попусти.

5. Кои се идните планови и што може да очекуваат посетителите?

– Идните планови на Скопје Сити Мол се да продолжиме со ова темпо на работа и да придонесеме Скопје Сити Мол да остане лидер во она кое го работи најдобро. До крајот на годината ќе имаме Black Friday, богата новогодишна забава и уште неколку други активности за кои вие и нашите посетители ќе бидете известени со време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365