Ironman loves HTC

Дигиталниот свет и секојдневно присутните производители на мобилни ги користат големите буџети за адвертајзинг за да бидат уште поприсутни (и повторно да се зборува за нив бидејќи претходно можеби не се зборувало во таа големина во која што истите посакувале).

Да ви го претставам HTC – произведувач на една врста на мобилни направи која го ангажира Robert Downey Jr. за свој “портпарол на брендот” заедно со негова вклученост во креативниот дел на некои од рекламите што ќе бидат направени во текот на две-годишниот договор што е склучен (со вредност од 12 милиони долари).

What’s the catch?

HTC имаше своја бренд стратегија која што се базираше на мотото “Quietly Brilliant” (која го искажуваше и она што го имаа како мака – не ги знае многу во светот на мобилните, барем не до степен на Apple и Samsung) – за да сега се промени во “Change” со буџет од над 1 милијарда долари.

“Change” не е “свежо” измислен слоган (Барак Обама, anyone?) и не постои гаранција дека ќе го оттргне HTC од било каква политичка конотација. Тука е и Robert, кој што моментално е еден од омилените ликови поради неговите екстремно популарни улоги во Ironman и култот што се негува кон него.

Како изгледа рекламата? (доколку сакате објаснување за тоа што таа претставува, тогаш рекламата не е успешна).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365