Home » Во фокусот » Исландската фудбалска репрезентација го освестува светот за Паркинсоновата болест

Исландската фудбалска репрезентација го освестува светот за Паркинсоновата болест

Исланд стана „Европски шампион на срцата“ за време на Европското Фудбалско Првенство 2016 во Франција. Малата нордиска земја ги привлече симпатиите на фудбалските фанови ширум светот. Меѓутоа, за жал, Исланд предводи и во нешто друго: Исланд го завзема второто место по смртност од Паркинсоновата болест на светско ниво.

Заедно со Исландската асоцијација за Пакинсонова болест – Parkinsonsamtökin и фудбалската репрезентација KSÍ како ексклузивен партнер, агенцијата Grey sports, дел од Grey Germany, ги претвори националните фудбалски репрезентативци во амбасадори на добрата кауза, во „Синови на солидарноста.“

Кампањата „Синови на солидарноста“ свесно “игра” со формата на исландските машки презимиња кои завршуваат на „-сон“ и името на болеста: ПаркинСОН.

Кампањата официјално започна на 7 јуни 2018, на последниот интернационален пријателски меч пред Светското Првенство против Гана, кога играчите на Исланд не истрчаа како Sigurdsson, Finnbogason итн., туку ја покажаа својата солидарност преку несоење на унифициран дрес на кој пишуваше Паркинсон.

За време на изведувањето на химните, играчите стоеја рамо до рамо со лица кои имаат Парконсонова болест. Специјално создаден трејлер ја информираше публиката на стадионот и пред ТВ екраните за целта на кампањата.

Покрај големиот број на јавни личности, и исландскиот претседател Гудни Т. Јоханесон изрази поддршка кон акцијата, претставувајќи се на социјалните медиуми како „Син на солидарноста“.

Целта на кампањата е да привлече поголемо внимание и донации. Таа продолжува да се одвива од настапи на национални телевизии до локални веб сајтови со емоционални приказни на пациентите кои ги раскажуваат своите животни стории пред остатокот од светот. Донациите од кампањата ќе одат за исландскиот Центар за нега на пациенти од Паркинсонова болест.

 

Особена благодарност до Исландската фудбалска федерација и националниот тим, кои ја искористија својата светска популарност за да поддржат една добра кауза,“ изјави Ерна Гудмундсдотир од Исландската асоцијација за Пакинсонова болест.

Дикјан Попема, генерален извршен директор на Grey Germany, додаде: „Одлична акција од Grey sports која покажува дека обединувачката моќ на спортот не познава граници.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365