battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Ивана Галиќ и Никола Жиниќ членови на жирито на Euro Effie 2014

Ивана Галиќ и Никола Жиниќ членови на жирито на Euro Effie 2014

(РЕГИОН) – Ивана Галиќ, раководителката на маркетинг комуникации во Випнет и Никола Жиниќ, креативниот директор во агенцијата Bruketa&Žinić OM се именувани за членови на жирито за наградите Euro Effie 2014 год., европски награди кои се доделуваат на најефикасните и најуспешните маркетинг кампањи кои беа актуелни во земјите низ Европа.

IVANA GALIĆ I NIKOLA ŽINIĆ

Ivana Galić и Nikola Žinić

Жирито на Euro Effie наградите се состои од низа професионалци од областа на маркетингот од цела Европа, а со него претседава Geof Seeley, глобалниот директор за комуникациско планирање во Unilever.

Галиќ и Жиниќ се избрани во жирито на овие ценети награди поради своето големо искуство во водењето на маркетинг кампањи и одлично познавање на Effie натпреварувањето, со што со своето знаење и стручност веруваме ќе придонесат во изборот на најдобрите агенции и огласувачи од цела Европа.

Хрватското издание на престижните Effie награди ќе се оддржи во склоп на националниот фестивал на огласување “Денови на комуникацијата“ кој ќе се оддржи од 15 до 18 Мај.

Покрај Галиќ и Жиниќ, од регионов дел од првата рунда на жирито се е Софија Кохен и Красимир Папазов од Бугарија, како и Тина Томажиќ од Словенија.

Целата листа на жирито за Euro Effie 2014 можете да ја погледнете на следниов линк  http://www.euro-effie.com/html/judging-jury2014.asp

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365