Home » Во фокусот » Ивица Видовиќ си замина од водечката позиција во МекКен Загреб

Ивица Видовиќ си замина од водечката позиција во МекКен Загреб

Како што дознава Маркетинг365, досегашниот извршен директор на агенцијата МекКен Загреб, Г-дин Ивица Видовиќ си заминува од водечката позиција на агенцијата, не наведувајќи ги поконкретно причините на неговата одлука.

Ivica Vidovic - McCann Zagreb

Во неговото писмо кое електронски го испрати до своите колеги, партнери и соработници, Видовиќ помеѓу другото напишал:
Среќен сум и горд што ја имав приликата да учествувам во создавањето на една од првите меѓународни агенции во Хрватска и цела средно-источна Европа. Агенцијата многу брзо стана и еве остана една од најаките и најуспешни. Тоа што останува највредно во сето тоа е големиот број на млади, креативни и стручно оспособени луѓе кои ја поминаа школата на МекКен допринесувајќи не само на Агенцијата, туку се надеваме и на вашата успешност.
Ви се заблагодарувам на долгогодишната успешна соработка и Ви посакувам голем успех во иднина“ , притоа не наведувајќи ги конкретните причини зошто си заминува од чело на МекКен Загреб.

Ивица Видовиќ ја имаше улогата на Генереален Менаџер и Сениор креативен директор во МекКен Ериксон Хрватска од  1990 година, а во 2003 ја презеде позицијата на CEO и Сениор Креативен Директор за McCann-Erickson Group.

Освем раководната позицијата, тој беше на чело на креативниот тим на McCann и како концептуалист и супервизор “кумуваше“ на многу признати и наградени идеи, производи и кампањи.

Во повеќе наврати бил член на меѓународи жириа на фестивалот Голден Драм во Порторож, како и во многу други стручни фестивали и комисии на натпреварувања што му ја донесе и титулата амбасадор на Голден Драм Фестивалот во Хрватска.

Ивица има ангажмани и како визитинг предавач на неколку Загребски факултети, меѓународни стручни симпозиуми и фестивали. Член е на IAA и потпретседател на хрватскиот огранок на оваа асоцијација.

Исто така,Видовиќ е основач и претседател на Art Directors Club Croatia.

Видовиќ е втор директор од регионалната мрежа на МекКен кој си заминува од челната позиција, откако пред неколку месеци и Амира Хорозич  ја напушти челната позиција во МекКен Ериксон Сараево.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365