Home » Во фокусот » IZAZOV 2015 – првиот регионален форум на комуникациски лидери

IZAZOV 2015 – првиот регионален форум на комуникациски лидери

На 25 и 26 февруари 2015 година, во новиот ексклузивен хотел Radisson Blu Old Mill во Белград ќе се оддржи првиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2015, организиран од страна на српскиот портал за маркетинг – Marketing Mreza кој со овој настан ќе го одбележи и својот трет роденден.

Станува збор за интерактивен B2B настан, прв од овој тип во регионот, наменет исклучиво за професионалците од областите на маркетингот, односите со јавност и дигитални комуникации од компаниите и агенциите од Балканскиот регион.

izazov 2015 slika

IZAZOV 2015 е наменет за оние кои веруваат во тоа што го работат, кои имаат што да покажат и што да кажат, а исто така сакаат и да дадат свој придонес пазарот на маркетинг комуникации во регионот да биде попријатно и попогодно место за работа, а се со цел развој на здрава конкуренција“, вели Ивана Парчетиќ, основач и уредник на порталот Marketing Mreza.

Идејата на овој форум е преку интерактивна содржина и размена на искуства да допринесе во развојот на маркетинг и ПР индстријата, но и да поттикне регионална соработка помеѓу агенциите и огласувачите. Учесниците на форумот ќе имаат прилика да прифатат ПРЕДИЗВИК, отворат дијалог за клучните теми од професијата, но и преку интерактивни работилници подобро да ги запознаат своите бизнис партнери.

Ако Ве интересира каква е состојбата на Вашата професија на пазарите во регионот, како и што работат агенциите, што клиентите очекуваат од агенциите, кои се луѓето со кои “утре“ ќе соработувате, како тие размислуваат, колку ги пратат трендовите, треба да го прифатите IZAZOV 2015 и да учествувате на првиот форум на комуникациски лидери во регионот.

Цената за котизација изнесува 125 евра. За три и повеќе котизации одобрен е и попуст од 10%. Членовите на стручните здруженија од регионот, исто така, добиваат попуст од 10%.

Маркетинг365 е медиумски партнер на настанот. За повеќе информации околу учеството можете да не контактирате на contact@marketing365.mk или да и пишете директно на организаторката на ivana@marketingmreza.rs.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365