Home » Во фокусот » JvM влегува во Југоисточна Европа

JvM влегува во Југоисточна Европа

Германската агенција Jung von Matt (JvM), која претставува најуспешна адвертајзинг агенција во земјите од германско говорно подрачје во изминативе 21 година (по број на освоени награди за креативност и ефикасност) ја потврди својата намера за влез на пазарот на Југоисточна Европа со склучениот договор за партнерство со Романската GMP Advertising, која го носи лауреатот “Најдобра независна агенција од Нова Европа“  од Голден Драм 2013 година.

JvM претставува најнаградувана комуникациска мрежа во Европа и една од топ 3-те независни креативни мрежи во светот.

Dominik Fassl

Dominik Fassl

По повод склучениот договор, директорот на JvM, Доминик Фассл изјави:

Ние сме многу среќни што нашата фамилија ја проширивме со GMP Advertising, мошне креативна и наградувана агенција. Веруваме во претприемничкиот дух и ќе бидеме среќни да го споделиме нашето искуство и знаење со романските колеги. Претходните проекти покажаа дека ние веруваме и ги цениме истите работи така што времето покажа дека сме одличен тим кој ќе напредува и во иднина. 

Задоволството од соработката не ја криеа и од GMP Advertising, кои одсега ќе го користат know-how то на своите колеги, нивните стандарди, алатки и ресурси. Во таа насока, основачот Феликс Татару изјави:

Веруваме дека GMP Advertising го достигна нивото на зрелост и развој во кое за да продолжи да расне е потребен партнер со кој заеднички ќе се испитуваат новите можности и со кој ќе се споделат искуството и експертизата. Влегуваме во голема фамилија која ги практикува највисоките стандарди кои веруваме ќе ги подигнат нашите лимити погоре и ќе ни овозможат алатки, инспирација и експертиза која е особено важна за нашите клиенти.Имаме многу што да учиме од JvM и тоа ќе го направиме на наш начин, креативно и независно.

Jung vom Matt е формирана во 1991 година во Хамбург и досега не котирала на берза. Има свои канцеларии во Германија, Австрија, Швајцарија, Чешка, Словачка и Кина. Помеѓу другите клиенти, JvM се грижат и за Axel Springer, Bosch, Mercedes-Benz, Sixt, Unilever, German Post и др.

GMP Advertising беше прогласена за “Независна Агенција од Нова Европа“ на Голден Драм 2013 и претставува најнаградувана агенција од Романија во конкуренција за комуникациска креативност и ефикасност. GMP Advertising е најнаградувана агенција на романските Effie награди и единствената која има две Grand Effie признанија за ист бренд – Timisoreana (пивара). Агенцијата има константно учество на најреномираните адвертајзинг фестивали како Cannes Lions и Euro Best.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365